краен (прид.) - нужда (имн.)

Со рибарлак Андон се занимаваше само при крајна нужда.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Железничка станица Скопје. Декемвриска вечер 1984 година местимично густа магла смог и препорака да не се патува освен во крајна нужда.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
ЛУКОВ: Употребете ги во крајна нужда. (Се оддалечува.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
А кога веќе во крајна нужда идеа ете вака, мнозина старци и по некое дете се собираа за да можат колку – толку да се заштитат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И на Реџов му е јасно колку е несигурна верата од која само во крајна нужда се бара спас, како во расказот Судниот ден, кој впечатливо зборува за големата суша и за молежливите погледи кон небото.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)