краен (прид.) - невозможен (имн.)

И така, ова сведочи за потребата од јавни, општествени постапки што не искажуваат емоција, туку ја заменуваат – кои ja претставуваат без стремеж да ja изразат – и кои ја пренесуваат емоцијата со склоп од генерички, усогласени симболи и замени, обезбедувајќи го на тој начин непреченото дејствување на конвенционалните општествени односи. ‌Во овој контекст, јазот меѓу чувството и изразот е трагичен, бидејќи е пројава на темелна егзистенцијална катастрофа – погубна, непоправлива, неизбежна празнина во човековото значење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Откажувајќи се од секаков обид да го искаже она што навистина го чувствува кон Ахила, Пријам, несебично решен да си го откупи од Ахила трупот на мртвиот син, Хектор, му ги бакнува рацете на оној што му ги убил децата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Далеку од тоа дека ги изразува Пријамовите чувства, постапката е израз на крајната невозможност тој некогаш воопшто да ги изрази.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа славна и патетична постапка не ги преведува Пријамовите болка и гнев во јасна јавна форма.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)