краен (прид.) - напор (имн.)

Со краен напор, гавазот се исправи и ја фати за цевката.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Последните денови ги издржуваше со крајни напори. Мислеше дека секој момент ќе прсне.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таа со крајни напори во седечка позиција се исправи во креветот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Томо со крајни напори се воздржуваше за да не прсне од смеа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Томо со крајни напори пробуваше да го смири својот внатрешен немир.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Знаејќи си ја болеста, со крајни напори извади бонбона од чантата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Убавината на Рада на мигови го излудуваше. Со крајни напори ги потиснуваше своите нагони.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Со крајни напори ја уби својата смрт и се реши на игра. „Без сведок ќе ви кажам се. Што и да сакате.“ Чу: „Што ќе ми кажете?“ Ги загриза усните: „Сѐ.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
По уморните клепки на бегалците им се лепеше сон и само со краен напор се совладуваа да не заспијат во длабок сон.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Кејџ искажува акутна свест за тоа, и неговиот краен напор е насочен кон пронаоѓање на патишта и создавање услови за поголема општествена кохезија.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Секоја Нова година е исто: ни отпосле не ни е јасно дали го слушаме или го гледаме традиционалниот Новогодишен концерт на традиционалната Виенска филхармонија.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Кога ќе видиме, што ќе видиме: секакви трговци со пропелери под брадите, дебели мешишта во кои со крајни напори се одложува свеченото кркорење на цревата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Кога ќе видиме, што ќе видиме: секакви трговци со пропелери под брадите, дебели мешишта во кои со крајни напори се одложува свеченото кркорење на цревата.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Сепак, со крајни напори се облековме и тргнавме кон црквата за да се причестиме а безброј пати до црква седнувавме за да се одмориме, па така фустаните нови ги направивме бербат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)