краен (прид.) - инстанца (имн.)

Сликата Doggy (1994) пак нè враќа на аналниот секс како лајтмотив на овој текст, бидејќи се покажува дека цртежот на анус всушност е самиот пунктум на сликата (во една бартовска смисла), односно точка од која нашиот поглед влегува во сликата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во дејствието, субјектот да се прилепи на некој симболички определувач, ненадејно да му се додели некаков „мандат” како што му ја доделиле улогата во мрежа со интерсубјективни размери (“учител”, „водач”...) суштински е некој ирационален преседан, иредуктибилен елемент на заклучокот, т.е. поделбите на симболистичкиот „мандат” никако не можеме докрај да ги втемелиме во субјектовите „реални“ сопствености, единичности и т.н., така што поделбата, во крајна инстанца, има перформативна природа - субјектот е „учител” затоа што го признаваме како учител, а не затоа што самиот во себе е „учител”...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Меѓутоа, оттаму никако не следи дека самиот принцип на национализмот, спротивен на аватарите што случајно ги прибира за своите отелотворувања, во крајна инстанца е контингентен и случаен”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Впрочем, за еден типичен постмодернистички писател, чувствителноста не е баш антипатична.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Како и кај браќата Чепмен аналниот секс се покажува како крајна инстанца на нагонот, најзабранета можност, врзана за десадовски и батајевски фантазии.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тоа незадоволство е поврзано со фактот дека субјектот никогаш не го пронаоѓа објектот што ќе го исполни недостигот, така што во крајна инстанца не постои начин да се избегне пречката што го означува субјектот кога тој/таа влегува во јазикот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Куликовиот перформанс во крајна инстанца ја докажува тезата на Лакан дека на песот не му е грижа за експериментот на Павлов - па добога, зошто да се натегнуваме со вистинското куче!
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
И неслучајно, секоја авантура на Александар Прокопиев, во крајна инстанца, започнува и завршува со Скопје.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)