кос (прид.) - око (имн.)

Таа само се сврте, ме погледна со своите коси очи и рече: „Ти мора да си целосна будала“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Пред него стоеше чуден старец - широк, разграштен, покриен до очи со црна излижана шубара; од неговото брадесто лице итро ѕиркаа две коси очи, оддалечени едно од друго.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И не можевме да разбереме дека има црни луѓе со дебели бузи и широки носеви, а и луѓе со коси очи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)