концептуален (прид.) - уметност (имн.)

Порно ѕвездите Annie Sprinkle и Veronica Vera ги играат своите претстави со порнографска содржина на сцените на авангардни театри какви што се The Kitchen и Franklin Furnace.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Овие аспекти на интелектот се клучните пунктови на неговата творечка активност.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Секогаш кога помислувам на стрипот (воопшто: на „концептуалната уметност”, вештината на преградувањето, компјутерските игри со многу прозорци во кои се наоѓаат нови многубројни прозорци, лифтови, тавани, визби - целиот тој делумно изветвен психоаналитичарски корпус, што наликува на франкенштајновиот пачворк, или на Голем, тоа купиште екстремитети како еден puzzle од „лаги” што ја создава треперливата, испресечена вистина, еден зоетрап-стрип) ми паѓа на ум (како што, веќе рековме, сенките паѓаат од ѕидовите, толку бавно како капките /оној мраз!/ што го длабат она дно?!) Емпедокловото сфаќање на окото и гледањето: окото го градат (според Платоновиот „Тимеј”) огнот и водата; огнот е раздвоен од водата со мембрани направени од мошне ситни пори кои спречуваат водата да продре внатре, а на огнот му допуштаат да излегува надвор, за да го сретне предметот на гледањето.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Создавајќи го овој псевдоним пред повеќе од педесет години, Деснос го призна Duchamp како мајстор на еден тип на концептуална уметност, каде што зборот „концептуален“ е употребен во оригиналната дишановска смисла, т.е. како спротивност на ретиналното. 90 Во светлината на алхемиската традиција, уште попоучна е анализата на хомонимот на зборот Сол - scel (жиг).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Значењето на ‘врамувањето’ (framing) го нагласувале сите форми на концептуалната уметност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)