конспиративен (прид.) - дејност (имн.)

Бидејќи поради строго конспиративната дејност на атентаторите сведоци тешко можело да се најдат, такви признанија за меѓусебните врски и конкретни динамитни акции се добивале од самите гемиџии.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Поголемиот број од нив не се занимавале со конспиративна дејност, меѓутоа, имало и такви што биле сомнителни, но никој во нив не се посомневал.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Познато е дека секоја конспиративна дејност не би можела да биде успешна ако покрај главните актери не би биле вклучени и други лица како помагачи, коишто би служеле како прикривачи, курири и слично.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
За нив се мислело сешто, но никој не помислил дека тие би можеле да се занимаваат со конспиративна дејност.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)