конкретен (прид.) - факт (имн.)

Морав да признаам дека не сум знаела со кого сум живеела или, не дека сосема сум била лишена од предупредувањето на мојата интуиција, од предупредувањата на моите соништа, а и од конкретни факти, но дека сето тоа не сум го пуштила сосема да продре до мојата свест за да може да бидам онолку потресена колку што било неопходно, и да го преземам она, што било потребно.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тоа било неопходно, бидејќи многу често за нивната припадност кон Организацијата или за нивните револуционерни акции им се судело по сомневање, без судовите да имаат конкретни факти.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Политикологијата покажува дека “индивидуа” и “општество” се апстракции и дека конкретни факти се меѓучовечките односи кои, пред сé, го сочинуваат човечкото битие и општеството.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)