конечен (прид.) - пад (имн.)

Новиот балкански сојуз кои кој се создаваше од новите држави нации на Балканот, поткрепени од империјалистички сили, доведе до конечен пад на Отоманската Османската Империја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко стравуваше дека во XX век, по победата и конечниот пад на Османската Империја на Балканот, по присилните преселби на турското и исламското население во Турција, ќе дојде до постојана пресметка со с што беше задржано како културен, обичаен, цивилизациски принос од петвековното заедничко живеење и кај другите народи кои се здобија со држава, слобода, институции.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но имаше и објективни познавачи на историјата кои ја застапуваа тезата дека и на самиот Балкан треба да се гледа како османско наследство, дури почнувајќи од самиот поим (балкан на турски значи шумовита планина).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Уште во текот на големата моќ на Империјата, па сѐ до нејзиниот конечен пад, јаничарите или ќе се побунеа, па ќе ѝ го дадеа најсилниот отпор на Империјата, или ќе продолжеа во нејзините редови како везири и војсководци, како филозофи и писатели, како хроничари и историчари, кои колку што ѝ служеа на Империјата толку отворено или таинствено му служеа на својот народ.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Народите на Балканот, најмногу во XX век, по конечниот пад на Османската Империја, залудно настојуваа по секоја цена да го отстранат од нивното постоење сето она што било во нив турско.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но во Албанија уште многу, многу години, до конечниот пад на комунизмот во Европа, владееше дури и неговата сенка.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Хрисостом и Карер беа прогласени за „Праведници меѓу народите”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа состојба потраја целата наредна година и повлекувањето, потоем и капитулацијата на Германија значеше конечен пад на каменот од срцата на митрополитот, на градоначалникот, на 275-те Евреи и на нивните смели домаќини од внатрешноста на Закинтос. Кога три години подоцна беше формирана новата израелска држава, еврејските семејства од Закинтос заминаа за Израел.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ноќта на 6 ноември 1987 година, на приемот во амбасадата на СССР, со ништо не можеше да се претпостави дека на утрешниот ден во Тунис ќе биде означена новата ера, односно на тој ден Хабиб Бургиба ќе го доживее својот конечен пад.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Стефан Цвајг Долго време во мојата свест одекнуваше зборот матанѕа, кој го слушав за првпат во животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Немаше никаква врска меѓу овој поим од италјанско-шпанска провиниенција и политичките настани кои се случуваа во тие денови во Тунис по конечниот пад на бургибизмот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Заминале во Турција кога го насетиле конечниот пад на Отоманското Царство.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)