конечен (прид.) - заклучок (имн.)

Доживувам откровение на сознанијата, конечен заклучок на нештата што сум ги знаела.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Откако Камилски ги изнесе лексичките примери и семантичките осцилации на зборот во неколкуте балкански јазици, следеше вообичаениот дијалог, за да се дојде до конечниот заклучок за зборот и неговото место во замислената листа на опасните турцизми.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)