конечен (прид.) - заборав (имн.)

Бидејќи идеологијата не ни знае што е тоа брод, капетанот и кормиларот заборавија дека не возат по макадам туку по бурно море и така неизбежно бродот удри во карпа, се содроби преминуваќи низ мелницата на историјата, во конечен заборав...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И Татко имаше различно чувство од својот пријател, кое не можеше лесно да се искаже, но тоа беше скриено во длабоката смисла и радоста од малечките приватни победи на поразените, над лажните победници, тоа беше и вистинската или лажната победа над секој османизам кој беше преживеал векови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се почувствував повикан да спасам од конечен заборав дел од неговиот живот, со вокацијата што претпоставував дека ја имам и со наследената Таткова интуитивна имагинација.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Се надеваше дека со Татко му влегле во трага на балканското проклетство, задржано во најжилавите, тврдокорни османизми, длабоко вкоренети во балканските јазици и дека најпосле ќе успеат во нивната мисија да ги посочат зборовите виновници, за тие конечно да бидат принудени кај луѓето на конечен заборав.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)