конечен (прид.) - договор (имн.)

Но тој не знаеше дека на Татко му беше значајно да знае уште колку години ќе живее за да си направи конечен договор со преостанатите книги од својата библиотека.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Никогаш Израелците не направиле поголеми отстапки.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како потврда на ова, изворот ги цитира зборовите на Раде Прибичевиќ, кој истакнал дека "на последното заседание на АСНОМ официјалните претставници на Бугарија изјавија дека Бугарија е подготвена да ѝ го отстапи нејзиниот дел на Македонија на нашата држава".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Конечниот договор беше блиску.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Исто така интересна за американскиот известувач била и информацијата на Смодлака, "Титовиот министер за надворешни работи", кој изјавил дека бил "постигнат конечен договор со Бугарија, според кој последнава ќе ѝ ја отстапи Бугарска Македонија (веројатно Петрич и Неврокоп) на Југословенска Македонија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)