конвенционален (прид.) - мерило (имн.)

Оваа антисоцијална политика би ја депривилегирала „содржината“ во корист на абјектната, омразената, женствена категорија „стил“; би го поткопала легитимитетот на родовите хиерархии што ја воздигнуваат мажественоста до степен на сериозност (засегната со стварноста и со вистинската содржина на нештата), а што истовремено ја сведуваат женственоста до степен на тривијалност (засегната со некакви површности како што се стилот и изгледот); би ја оспорила автентичноста на натурализираните идентитети и би ги ставила под прашалник конвенционалните мерила за вредностите што ги определуваат релативните степени на општествена достоинственост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)