компјутерски (прид.) - екран (имн.)

Мајка како мајка: додека чека на компјутерскиот екран синот да ѝ дарува дневна доза најубави насмевки во кожурка од свилена буба реди сѐ што се крие во неа и саде се чуди колку бил замрсен животот и колку време треба да се раздипли сето што се збрало во кожурката од свилена буба.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Интеракција.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Некои луѓе ја сметаат за виртуелна реалност било која електронска репрезентација со која можеме да стапиме во интеракција. чистејќи го компјутерскиот десктоп, ние гледаме графика на канта за ѓубре на компјутерскиот екран, и со помош на глувчето го влечеме безвредниот фајл до кантата за ѓубре за да го исфрлиме.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Треба да се спомене и употребата на компјутерскиот екран која иницира нов пристап кон математиката.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Можат да летаат низ апстрактни шуми, што се всушност графички прикажани статистички податоци и така многу полесно да ги забележат мострите отколку на колкав и да е компјутерски екран.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Многу јасен пример за ова е хипертекстот. Не е пријатен за употреба - бидејќи се случува на компјутерски екран - но е далекусежно револуционерен во размислувањето.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тој го прикажува она што ние го правиме, монадата како компјутерски екран, без прозори, поврзан дел.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Имено, ако навистина сè лаже, тогаш е сè дигитален изглед - и тоа не само синтетичка слика на компјутерскиот екран, туку и оваа машина за пишување, прстите што чукаат по неа, и со тие прсти изразените мисли - што значи дека станува зборот навидум неважен.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Компјутерските екрани се волшебни огледала, кои на дадена команда (повик) ги претставуваат алтернативните реалности на различни степени на апстрактност.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Маусот или електронскиот молив се магичното стапче што го контролира огнот на мониторскиот дисплеј и ја зауздува креативната сила на операторот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)