колку (прид.) - повеќе (прил.)

Се обидувам, обратно, да заземам поза на недопирлив, но колку повеќе се трудам, толку е позалудно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но, колку повеќе се искачуваше по ричката, зад која беше долката со млаките, кон кои водеше онаа дира, толку почесто здивот почнуваше да му се напнува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Колку повеќе срни му излегуваа пред пушката, толку подиво ги гонеше тој гавазите и ’ртките, да трчаат наоколу.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Колку повеќе ороспилаци толку повеќе релаксација и задоволство Пу пу скраја да е голем срам и бербат Макар што и ороспилакот таму се релативизирал Отшто бил многу широк и допирал многу однесувања и професии
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)