книжевен (прид.) - потрага (имн.)

Која беше таа мистериозна читателка која толку длабоко навлезе во моето балканско емигрантско семејство, во мојот балкански свет, во суштината на мојата книжевна потрага?
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Некои, постарите, прибегнуваа кон метафизичкиот одговор: виновна ни беше судбината, Балканот е проклет, судирите во него се неизбежни, судирите на етнички, верски, цивилизациски план, а други кон дијалектичкиот одговор: зарем судбината нема свое име, зарем не е алиби да се избегне одговорноста, зарем противречностите не се помируваат, зарем хармонијата на разликите не е дефинитивната разврска?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Обземен од моите книжевни потраги и со моето дипломатско искуство, се обидував да дојдам до индивидуалниот и колективниот удел на историската одговорност, барем на планот на генералните размисли и идеи, при што, постојано надвладуваше рефренот: сите ние бевме одговорни!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)