клет (прид.) - туѓина (имн.)

На тие што заминуваат, првите седум години во клетата туѓина и нивното куче не лае.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Оставана често сама, во клетата туѓина, како што велеше таа, мораше, во својата мисија, да се снаоѓа самата во пресудните мигови, како што знаеше и умееше, барајќи за своите постапки, кога беа во прашање чедата, да му полага есап првин на Бога, а после на државата, на идеоло­гиите, на другите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)