класен (прид.) - раководител (имн.)

Му се вдена в лице на класниот раководител и отсечно му рече дека ќе ме казни со тоа што ќе ме отпише од гимназијата во нашиот град и ќе ме запише во некоја каде петли не пеат, каде зора не зазорува.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Откако се увери дека нема да оставам најмалку десет сираци од двајцава Пакистанци, храбро ми пријде. Me погледна како да ми е класен раководител и ми кажа: „Комши, ја го организирав чистењево.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Ваквиот невообичаен дизајн не му промакна на мојот класен раководител Драган -по- математика, страв и трепет за целата моја генерација од центарот за насочено образование „Јосип Броз Тито“ во Скопје.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Потоа ме повика во канцеларијата класниот раководител господин Поповиќ.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)