кисел (прид.) - вкус (имн.)

„Мислев дека ќе се вразумиш, но ти си веќе луда”, ѝ велеше Стево Трајчов на Цвета, поднаместувајќи си го задникот на фотелјата нанапред за да ѝ го даде тоа што таа го очекуваше, клекната на коленици со широко вперени очи во него, со очи поголеми од нејзиното ситно, пегаво лице испупчено напред во чпрто носе и со танки развлечени усни од кои по страните секогаш, додека му зборуваше, се подаваа облачиња со кисел вкус.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Мирисот на потта имаше кисел вкус, се зодаваше од неговата внатрешна мака, па течеше нанадвор како река слевајки се низ образите.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ја има тука во миризбата на неодамнешната смрт, неверојатниот кисел вкус...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)