квадратен (прид.) - метар (имн.)

Идејата на Хундертвасер се состои во тоа некои од прозорите на одредена зграда да ги вовлече во внатрешноста за еден квадратен метар и во така настанатата ложа да засади дрво.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Навистина, ние работиме во заеднички простор од дваесетина квадратни метри, но сепак, Вртанов ми е потчинет.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Овие извори се покриени со стаклена површина од 878 илјади квадратни метри, а топлата енергија се разнесува низ многубројните оранжериски блокови преку цевки долги 150 километри.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)