кафеана (прид.) - чаршаф (имн.)

Така би се изразил некој суден, а незбиднат поет, чии стихови ги памети единствено избледнатиот кафеански чаршаф.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Леси се случува како и сите видливи појави: арапскиот ресторан на четвртиот кат во испразнетата зграда, голтките топол пијалак од шарената шолја извалканиот кафеански чаршаф, онаа жена во кафеаво палто и со долг бел шал врз него, која го припила до себе своето дете сред уличниот метеж, тркалезната купола на амамот, запрено во мигот пред тресок.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)