кафеав (прид.) - бунда (имн.)

Од тоа време, во нашите спомени останаа руските и американските филмови кои ги гледавме во киното „Балкан“, а за Мајка остана значаен мигот кога за прв пат си ја облече кафеавата бунда, подарок од татко ѝ, дваесет години откако ја минавме границата...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И така, виде-невиде, си ја префрли преку рамена својата кафеава бунда, а потем и ја облече, за прв пат, по многу, многу години, откако ја минавме границата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кога, на крајот од месецот, Татко не ја донесе ветената и очекувана вреќа со брашно, Мајка му ја положи својата кафеава бунда на масата. Татко ја погледна зачудено.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Како што не можеше да се продаде кафеавата бунда, а да не се роди сомневање за нејзиното потекло, така не можеше да се открие Мајкиното знаење на странските јазици.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)