камилски (прид.) - бев (гл.)

XXXV Климент Камилски беше готов, според договорот, да реферира за првиот збор, според него најопасниот јаничар, јаничарство, јаничарија, јаничаризам.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко се насмеа. Забележа дека Камилски беше подготвен за акција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски се сети дека Мајка често служеше чај, подготвуван со еден голем и мал ибрик, се со врелата вода од големиот ибрик се попарувал чајот од малиот ибрик и потоа одозгора се истурала количина врела вода, чајот се служел со посебни чашки.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски беше зачуден трагајќи по речниците колку многу турцизми се употребувале, но и натаму се употребуваат во балканските јазици за означување разни садови, како: бардак, барде, вид лонче кое служи за пиење вода (од турски bardak); ибрик, поголем бакарен сад за вода со посебно извиен тесен отвор, се употребувал уште како сад за масло и како сад во кој се топли вода, како и за варење кафе и чај.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И Татко и Камилски беа најмногу обземени од Речникот на излитените идеи на крајот од книгата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)