казнен (прид.) - кама (имн.)

На сиот овој износ беше пресметана и законска казнена кама- та, а парничните трошоци, во не така мал износ од 107.370 МКД (1.760 ЕУР) – кој е и поголем од главнината, исто така требаше да ги сноси работодавачот, кој и ја изгуби парницата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во почетокот на ноември 2008, судот (преку судијата Ѓ. Христовски – претседател на советот, и судиите поротници – В. Петровска и В. Чалдарова) – го усвои тужбеното барање на Лозановски и во донесената пресуда ја задолжуваат „Топлификација Битола“ ДОО Скопје да му исплати вкупна сума за главното побарување од 68.902 МКД (1.130 ЕУР), и тоа: а) на име неисплатен дел од плата сума од 8.080 МКД (135 ЕУР) – збирно за 12 месеци: јуни-септември 2005 год.; јануари- февруари, мај-август 2006; јануари-февруари 2007; б) разлика на плата во износ од 25.129 МКД (410 ЕУР); в) надомест за исхрана во износ од 29.093 МКД (475 ЕУР); г) надомест на трошоци за превоз до и од работа, во износ од 6.600 МКД (110 ЕУР) – сето во рок од осум дена по приемот на пресудата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)