кадиски (прид.) - запис (имн.)

Така би и со една книга од татковата библиотека, која не беше групирана, како другите од кои подоцна синот-наратор ги извлекуваше глобалните метафори (од книгите за козите, за јагулите, за јаничарите, за кадиските записи - сиџилиите, за јазиците, за религиите), туку таа беше во ракопис, составена од многу веќе пожолтени листови, безброј записи, како делови на еден незавршен книжен мозаик.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мајка, кога ќе видеше од чардакот дека изгреал нов, убав ден, ќе оставеше да влезе некој од толкувачите на кадиските записи, на сиџилите, за да ги дотолкуваат, зашто само Татко го имаше вистинскиот толковен клуч.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко, како непартиец, но и со сомневања за неговото минато кај надлежните партиски кадровски служби, кои одлучуваа за сѐ и сешто, брзо увиде дека нема никакви шанси да напредува во судската кариера, макар и само на стручен план, како експерт по шумските деликти, па откако ги откри отоманските сиџили, односно судски регистри и кадиски записи на битолскиот кадилак, кои не можеле да стигнат во централните архиви во Цариград, не се спаси са­мо од новото заминување туку ја спасуваше и нашата иднина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тој сакаше прв да ѝ каже нешто значајно што ќе ја израдува. Ѝ ја префрли раката преку рамо додека чекореа кон дома, по кејот на реката. – Во Архивот ќе ги објавуваат моите битолски кадиски записи, кои ги преведував!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се служеше со висок диоптер на стаклата од очилата, а на моменти, кога ќе наидеше на најситен слог, а тоа се случуваше често во едвај разбирливите сиџили, кадиските записи, мораше да се служи со лупа, но и од неа немаше големо фајде.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)