источен (прид.) - јазик (имн.)

И тој како и Татко за албанскиот јазик, полиглот на источните јазици, владеејќи го одлично османскотурскиот, новотурскиот, арапскиот, потоа францускиот, италијанскиот, делумно германскиот, беа загрижени за иднината на своите јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Првин Татко и Камилски се нурнаа во длабока потрага по турцизмите и османизмите во јазиците кои им беа блиски: Камилски во мајчиниот македонски јазик, во блиските словенски јазици, како српскохрватскиот, но и западните јазици кои ги познаваше: во прв ред италијанскиот и францускиот, но имаше познавања и од ароманскиот, додека Татко во албанскиот турскиот мајчин јазик, источните јазици, францускиот, италијанскиот, делумно германскиот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Своевремено се здоби со осум дипломи на Институтот за источни јазици во Париз, покрај дипломите за завршени студии на Институтот за политички студии и Правниот факултет во Париз и Комората за британска трговија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Му беше понудена катедра на Институтот за источни јазици, но на своите 25 години ја започнува својата дипломатска кариера и првото службување ќе му биде на Балканот (во Софија од 1972 до 1974 г.).
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Може да се претпостави влијание на други графички примери, претежно од Истокот, во оној дел од глаголичката низа што влегува во дополнителниот дел од алфабетот и нема свој грчки прототип.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Создавачот на глаголицата ја пронаоѓа фонетската сличност на оние звуци во старословенскиот јазик кои не постојат во грчкиот но постојат во низа источни јазици, и сообразно со тоа, се позајму­ваат и соодветните графеми, што ја пренесуваат фонет­ската вредност во графички симбол.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Голем ерудит, познавач на неколку источни јазици, од својата книжарница во срцето на Латинскиот кварт ќе направи мал Универзитет и Храм, свратилишта на професорите и истражувачите на главните светски центри во потрага по книги главно од областа на источните науки и мудрости.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)