источен (прид.) - брег (имн.)

Некои од нив беа мајстори во филигранскиот занает, а другите во чаршиските занаети на другиот, источниот брег на реката, а речиси сите беа обземени од фугата на заминувањето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Јапонците и Германците и четирите мали змаеви ќе дојдат кај нас, и на источниот брег на Америка, на средниот запад и на југот ќе изградат фабрики, за да произведуваат машини.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тоа беше претерано драматизирање, мислеа Полардовите заедно: за почеток, луњите и ураганите обично не му приоѓаат на источниот брег од морето, такашто виорот најверојатно му припаѓал на едно невреме веќе минато (Џоен немаше срце на пријателката критичарка да ѝ сврти внимание дека, како што би забележал секој што ги познава плажите, песокот е сѐ уште мокар од неодамнешниот дожд - оптички ефект со кој уметничката со право се гордееше); понатаму, додека самата критичарка е од познато семејство со сина крв, кој било кога ја видел таа витална течност во лаванда? Маргина 34 59
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)