источен (прид.) - Словен (имн.)

Како резултат на словенските преселби, започнати во VI век во Европа со тек на време се формирале следните современи словенски народи: Од Западните Словени (Венети)-Полјаците, Чесите, Словаците и Лужичките Срби; Од Јужните Словени (Склавите, Склавините)-Словенците, Хрватите, Србите, Црногорците, Македонците и Бугарите; Од Источните Словени (Антите)-Русите, Белорусите и Украинците.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Арапскиот научник Ал Недим (X век) го пренесува расказот на емисарот на кавкаскиот кнез до источните Словени.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
На таквите искази се надоврзува епископот од Мерзебург, Титмар (X век), кој посочува дека во паганските храмови во градот Ретра, врз словенските идоли со особени знаци биле нацртани нивните имиња.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)