историски (прид.) - факт (имн.)

На врв спирала од црвчиња се станувало историски факт.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Историски факт е дека сѐ до 60-тите години на XIX век македонскиот јазик, па дури и со извесни учебници на „македонското наречје”, се употребува во приватните и во општинските училишта во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Само еднаш во целиот свој живот Винстон држеше в раце непогрешлив, документарен доказ за фалсификувањето на историските факти. И во таа прилика...
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Личностите и епизодите од грчко-римскиот свет ги бирал, неспокоен, по долги бдеења над процепот меѓу историските факти и вистината, над парадоксите на судбината и драмата на оживотворувањето.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Меѓутоа, од сите преданија што се раскажуваат меѓу Мијаците (и овдека, во Потковицата) за неговата бестрашност, само едно можеме да го примиме како историски факт.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ниту прагматистите ниту деконструкционистите можат да направат нешто повеќе за феминизмот отколку да помогнат во оневозможувањето на обидите да се втемелат овие практики врз нешто подлабоко од контингентниот историски факт - фактот дека луѓето со незначително поголеми мускули ги малтретирале луѓето со незначително помали мускули многу долго време.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)