историски (прид.) - развој (имн.)

Секој историски развој значи дека некол­ку можности пропаднале и социологијата е тука можностите да ги држи живи.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во таа смисла тој пишува за „нерамнотежа помеѓу програмите што мислат и програмите што осознаваат и се активни во реалниот свет”, тоа изненадувачко сознание го внесува во историскиот развој на темелните човекови способности: „Изгледа како да е - видено апсолутно - мислењето полесно од сетилното осознавање и делувањето - поглед што можеме да го објасниме во рамките на еволуцијата.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ова укажува на тоа дека темелите на било кое решение, било кое верување не се апсолутни и универзални и дека сè е отворено за расправи и спогодби.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во тој избор се вклучени (само) неколку автори и раскази од Црни овци 1996, раскази кои се неодминливи за историскиот развој на расказот во 19 и 20 век, било да се работи за книга наменета за помладите или за повозрасните, за средношколците или за студентите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Овде се претставени сите превозни средства, од трамвај и автомобил, па до најмодерните реактивни авиони, во нивниот историски развој.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Меѓутоа, додека компјутерските програми кои што симулираат разумски операции, ги решаваат своите задачи скоро толку успешно како некој си студент-почетник, на најдобриот програм за роботско водење му се потребни часови и часови пред да идентифицира неколку предмети на масата и потоа да ги земе.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)