историски (прид.) - процес (имн.)

Беше свесен дека е невозможна потрагата по тоталитетот на балканскиот историски процес доколку не се дооткрие исчезнатото отоманско време.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Разликите меѓу луѓето си остануваат разлики, нив ги условиле долги историски процеси.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тоа е историскиот процес на либералната демократија во којшто класата се дислоцира самата себе и не го решава проблемот во рамките на една чувствена одбрамбена реакција, туку го прави непроблематичен во динамиката на својот развој - НАДМИНУВАЊЕ.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Кој ќе го напушти историскиот процес, штитејќи ја својата „загрозена” судбина, ни покажува дека тој самиот историскиот процес не го разбира како своја судбина, и дека таа негова „судбина” е фикција а „историјата” една марионетска пракса, затворен круг на таа фикција.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Штом ќе се види оти таа никојпат нема да биде српска, Србите ќе можат да се одвратат од своите утврдувања дека Македонците се Срби и ќе ги признаат за одделно словенско племе, еднакво блиско до Србите и до Бугарите. 126 И така, македонската национална преродба е настапен историски процес што има под себе јака почва и голема иднина.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Формирањето на Македонците во одделна словенска народност е најобичен историски процес, сличен на процесот на образувањето на бугарскиот и српско-хрватскиот128 народ од некогашните јужни Словени.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ти би можел, како сите ние, да бидеш дел од нашиот историски процес.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Набргу се определи да ги групира книгите во тематски подрачја според принципот на глобални метафори, кои поуспешно и посогледливо при читањето го покажуваат тоталитетот на историскиот процес.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Така е прифати Климент Камилски, библиотеката треба да го претстави во continuum temporum тоталитетот на историскиот процес.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Затоа, впрочем, и реши да оди на поширок избор од замислениот и предвидениот со Камилски, особено во доменот на заемките во администрацијата, повеќе присутни во народната литература и големите реалистички романи посветени на османскиот период.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И така Татко во новата серија турцизми (гурбет, сургун, гајрет, гајле и беља), предност му даде на зборот гурбет, со потекло од турскиот збор kurbet (а тој од арапскиот збор gurbgurbet), присутен речиси во сите балкански јазици со ист корен, а со мали модификации, со широка гама значења: живот и талкање по туѓина, заминување во на печалба, осамен живот во туѓина, егзил...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој беше свесен дека изборот на (безопасните) балкански ориентализми што го правеше со Климент Камилски, ќе можеше, покрај другото, да послужи за показ на балканските ориенталисти и балканолози да трагаат по тоталитетот на балканскиот историски процес што нему тешко му успеваше во неговата незавршена Историја на Балканот низ падовите на империите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
XLIX Без претходно да се договорат за тоа, Татко и Камилски продолжија да избираат зборови во функција на прикажување на тоталитетот на историскиот процес на Балканот, свесни дека тоа можело малку да го сторат пристрасните историографии, парцијалните и недостапни архиви, нецелосните институции, силата на заборавот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се смета дека палестинските водачи тогаш ќе ја направат историската грешка поставувајќи услови за нивното учество, односно на тој начин влегувајќи во играта на Хенри Кисинџер, кој маневрираше зад кулисите за да ги исклучи од историскиот процес едновремено и Организацијата за ослободување на Палестина, СССР и ООН, да ја заклучи Конференцијата во Женева за да се појде по политичкиот пат на решавање на судирот, чекор по чекор , што одеше во прилог на стратегиските интереси на САД во однос на мирот и заштитата на израелските интереси.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тогашните моќници во светот, генералниот секретар на ООН Курт Валдхајм, Кисинџер и Громико, министри за надворешни работи на САД и СССР, беа во принцип согласни за среќна разврска.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Му зборував за впечатоците од некогашните читања, а тој ми зборуваше за Дневникот на Жид, за пасажите кои се однесуваат на неговиот престој во Ла Марса, токму во домот во кој бевме, како и за книгата Враќање од СССР.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Незавршената таткова книга за Историјата на Балканот низ падовите на империите стана силен поттик не само да ги надополнам нејзините незавршени страници, туку да трагам по нејзините отворени, нерешени прашања, посебно во однос на власта, владеењето, конверзиите поврзани со инквизицијата и другите историски процеси, погромите, језуитизмот, реформите и нивното отсуство, како основни извори на бројните судири во светот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Оваа книга која говори за дезилузионизмот по фазата на адорација на левите европски интелектуалци од советскиот сталинизам (како Сартр, Арагон, Сартр и други) беше поводот разговорот да се префрли на улогата на личноста, на интелектуалците, на големите дипломати во разврската на современите историски процеси.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа пред сè значи дека специфично хрватската ситуација еднаш ќе мора да се изрази како дел од глобалните историски процеси.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Меѓутоа, при секој обид да ги разбере историските процеси, карактеристични за сопствениот народ и за неговата историја, постојано се соочуваше со неизбежните парадокси кои како да го обесхрабруваа да дојде до јасна, разбирлива интерпретација на балканската историја.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ние, околу Маргина, гледаме колку што можеме да се чуваме од Медузата што скаменува, но од друга страна се тие “автентични историски процеси” - очај, сиромаштија и парализираност.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)