историски (прид.) - поглед (имн.)

Треба да се потсетиме дека во тој момент американската култура и уметност беа доминантни; да се почувствува нов европски дух надвор од Турин или Дизелдорф беше огромно откритие и нешто што му даваше нова надеж на нашиот стар континент.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во оваа изложба изгледа дека немавте намера да дадете еден историски поглед; вие подвлековте дека ова не е ретроспектива, дека се обидувате да го проширите овој поглед.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
118. Според Правилата на Дружината „Вардар” од 15.3.1894 год., целта на Дружината била: а) да работи врз испитувањето и запознавањето на својата татковина во земјописен, народностен и историски поглед; б) членовите на Дружината заемно да се помагаат, како во воспитен и морален, исто така и во материјален поглед; в) да работи врз сестраната подготовка на своите членови за да можат што подобро да му послужат на својот народ во државата на Неговото Величество Султанот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
По смртта на Бојс го забележав начинот на кој делата се “музеифицираат”; по начинот на својата поставеност, обично следејќи некој хронолошки или тематски ред.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Дали овој поглед (историски поглед) кон овие два первертирани карактера е и објективен поглед на софистицираниот колективен интелект или е само уште една манипулација на прагматичните системи што владеат со разните структури на она што се нарекува цивилизација и човештво?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Исто така, овој историски поглед покажува дека речиси во сите времиња се забележува силно работење на народниот дух врз културно-историска основа, резултат на која се јавува образувањето на силна македонска држава од царот Самуил и богата народна литература.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)