историски (прид.) - период (имн.)

Турското господство на Балканскиот Полуостров беше историски период кога потчинетите мислат да го зачуваат нивното историско наследство.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тие идеали се изработуваат од историјата на народот, но се изработуваат во еден долг историски период.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тој беше свесен дека прашањето за чистите јазици, колку што беше од универзален карактер и ги тангираше речиси сите јазици во светот, во различни историски периоди, толку можеше да има и посебен карактер на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ова потоа во подоцнежниот историски период преку Римската, Ромејската (Византиската) и Турската Империја, остави свое влијание врз развитокот на културата и човештвото.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
„Феминизам“ го нарекувам движењето кое се бори да ги измени вредностите припишани на, и претставите направени од “жена” во подолгиот историски период на патријархална историја, исто како и во подлабокото време од нечиј сопствен идентитет.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Не само што не постои човек за сите времиња и сите земји туку на секој историски период и на секоја нација на куглата земјина ѝ одговара специфичен тип на човечка природа: Сократ бил Атињанин од петото столетие пред Христ, Библијата е поетски - настанат поради таков след на околности - израз од еврејската душа.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
- Според филозофот Едгар Морен, исламот се покажа во еден историски период многу потолерантен од христијанството, кога беа прогонувани од Шпанија муслиманите и евреите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
„Пасошот” со вашата личност, го вртите страница по страница и така дознавате што се случило со неа, историски период по историски период.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Родена 1892 година во Варшава.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На тој начин, границата е општествен и политички процес кој ги одразува односите на моќ присутни во одредени региони и историски периоди.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Она што сакав да го постигнам со мојата архива е да ги соочам мојата лична сторија и семејните сеќавања за заминувањето од Унгарија, со материјалите на комунистичка Унгарија од истиот историски период.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)