историски (прид.) - отпор (имн.)

По големата преселба, и втората историска верска фрактура на Албанците (при првата верска фрактура беа разделени на католици и православни, христијанизирани уште во I век од новата ера), настапи втората фрактура (конверзијата во ислам на голем дел од албанското население по историскиот отпор на Скендербег во XV век).
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Потоа новата гранична линија ја предизвика Отоманското Царство, кога едни ја задржаа старата вера по цена да го минат Јадранското Море и да заминат во други земји, по цена на создавање неколкувековна граница со предците кои останаа во земјата, и по историскиот отпор, голем дел ја прифатија верата на освојувачот, создавајќи нова граница.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Првите бранови на преобраќање во исламската вера дојдоа по историскиот отпор на нашиот легендарен јунак Ѓерѓ Кастриоти Скендербеј против Отоманското Царство.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И ако со неа се декодираа клучните фази од историја­та, уште од времето на историскиот отпор на Скендербег, па до сталинистичкото ропство на земјата, ќе се видеше колку силно ја чувствуваше Мајка трагичната балканска историја, посебно на својот народ.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Историјата се повторуваше од пред пет века, кога предците на овие луѓе бараа спас на другиот брег, по историскиот отпор на Скен­дер­бег, но сега бегаа од своите, бегаа од себеси.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
По целосното покорување на Албанија од Отоман­ците, по историскиот отпор и смртта на Скендербеј, речиси целосното албанско православно население, познато како Арбреши, ја насели јужна Италија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)