историски (прид.) - миг (имн.)

Тамошните афекти не му се особени на поединецот: тие се колективни и генерички. ‌На пример, исказот дека „прекумерната сентименталност што била задолжителната состојба на чувствата не дозволувала никаков вистински објект“ не упатува на некоја типична или особена или својствена идентификациска одлика на машкиот геј-субјективитет сам по себе, туку на особените ефекти што врз душевниот живот на машкиот геј-субјект од времето на Студената војна ги имала неговата задолжителна припадност кон општество кое и најмалата можност за истополова желба или за родово дисидентство ја правело незамислива и непоимлива, а да не зборуваме за можноста да се постапува според неа или да се претвори во истакнат, јавен дел од секојдневното живеење. ‌Слично така, бидејќи бродвејскиот мјузикл цутел во историски миг кога не можело да се дозволи ништо што било карактеристично геј да стапне во доменот на масовното јавно претставување и бидејќи геј-мажите што го создале можеле да го сторат тоа само ако снаодливо систематски и апсолутно го исклучат сопствениот сексуален идентитет од видокругот во него, протогеј-одговорот на конкретното гејство на бродвејскиот мјузикл нужно подразбирал свест дека машкиот геј-идентитет е систематски и апсолутно исклучен од секаква отворена препознатливост во самиот мјузикл.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ворнер брадерс, всушност, ја одложиле премиерата на филмот до 25 октомври, 1945 година, повеќе од два месеца по капитулацијата на Јапонија за да ја засилат историската релевантност на приказната за историскиот миг.267
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Веќе имав вложено извесни напори да си ги изградам сопствените вкусови, за кои сметав дека се посебни и кои, според мене, го изразуваа мојот особен однос кон мојот историски миг, кои ги изразуваа мојата избрана припадност на одредени движења и стилови во современата уметност и култура и моите политички вредности.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој е и приказна сосема подобна за крајот на Втората светска војна, кога поради демобилизацијата на милиони американски мажи жените требало повторно да се припитомат и да се прераспоредат назад во домот од работното место, каде што биле повикани да ги пополнат работните места што привремено ги ослободиле мажите кои сега иделе да си ги вратат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)