историски (прид.) - контекст (имн.)

Оваа статична слика на хрватското општество во која улогите на мажите и жените еднаш засекогаш однапред се зададени и се чинат просто природни, сериозно меѓутоа ќе се разниша ако малку подобро го разгледаме историскиот контекст внатре во кој е ситуирана нашата стварност. Маргина 35
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Бидејќи според режисерот (но и според Хераклит) сите нешта се насочени кон сите нешта, анатомијата на хиерархијата на луѓето собрани во ресторанот во еден европски историски контекст е потпомогната со сликата на Франс Халс и со еден алузивен наод - книгата посветена на настаните во текот на француската револуција.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Се разбира, обете патувања, по многу години, извлечени од некогашниот историски контекст, можеше да се сметаат за помалку значајни епизоди, но во историја­та на нашето семејство во егзил, тие можеа, во времето на погромите, особено патувањето во Италија, да се сме­таат за сомнителни настани кои тешко можеа да им се објаснат на тогашните идеолошки умови, а да се немаше после­дици врз спокојот на доселеничкото семејство кое постоја­но трагаше по рамнотежата помеѓу напуштената и новона­се­лената земја. ***
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Јаничарството излезе по половина милениум од својот историски контекст.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Прашањето за феминистичкиот субјект е како да се интервенира врз поимот Жена во овој историски контекст, за да се создадат нови услови за настанувачкиот субјект на жените овде и сега.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)