истакнат (прид.) - во (предл.)

Ако за некои од барањата истакнати во истата тужба треба да суди совет, а за други судија поединец на истиот суд, за сите барања ќе суди совет (чл. 178, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тоа би ја вклучило и грчка Македонија во автономната држава и ќе наиде на истите пречки за тоа, кои се истакнати во претходната сугестија. (б) Автономија на негрчка Македонија во рамките на федерацијата на Балканските Словени, која би можела да се оствари со доаѓањето на власт на нови елементи во Србија и во Бугарија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Барањата можат да се истакнат во една тужба само ако судот стварно е надлежен за секое од истакнатите барања и ако за сите барања е определен ист вид на постапка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Се чини, тоа е најдобриот начин да се стави крај на меѓусебниот антагонизам меѓу Југославија и Бугарија, кој ги влече своите корени од македонското прашање и на тој начин би се овозможило формирање на голема федерална држава на Јужните Словени што е и краен идеал на голем дел од интелигенцијата и на помалку шовинистичките Балкански Словени.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)