ист (прид.) - како (прил.)

Белата светлина и зуењето беа исти како и секогаш, но ќелијата беше малку поудобна од другите во кои престојуваше порано.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Исти како грчките букви се и овие: А, Б, Г, Д, є, З, И, Т, Ї, К, Л, М, Н, Ѕ, О, П, Р, С, Ѿ, Ѵ, Х, Ш, Т, Ф.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Додека сексуалноста е само карика за остварување благородни цели, за соединување и формирање мрежа од такви исти како мене.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Велат „по утрото денот се познавал”, а беше ист како и претходниот: сив, безличен, бавен, неконструктивен, здодевен.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Мајката Роса со две сонца во човечињата на очите, зацрвенета и сериозна, нејзините сестри близначки Сава и Танаска со по една момичка исти како и помалечките на Роса, трите нејзини ученички, Милка со две машки и нејзиниот маж и се разбира, Деспина, бликната од радост ама и од едно чувство на страв што ја мати радоста.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Неговите усни и заби ми се убави и суви, и со храна меѓу нив, и со дамки од никотин, и му ги бакнувам и јас таква, иста како него.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Потоа влегов во собата за да му објаснам: - Александар, нешто не е во ред со пенкалото што си го донел од работа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
-Сјајот на сѐ околу тебе е ист како сјајот на дијамантот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)