ист (прид.) - стар (прид.)

Така, мене ми изгледаше природно да се повтори претставувањето на ова енергетско поле; инаку би западнале во истата стара грешка.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ова покажува колку Бојс беше чувствителен за исходот на уметноста и на скулптурата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Наместо тоа Бојс сакаше да создаде енергетско поле околу секоја од своите скулптури, елек­три­чен набој, или да изврши трансформација на енергија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сега им стави хмељ и вода и истото старо чудо пак се повтори.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Не облекувај туѓи чевли Никогаш не излегувам ноќе, но често навечер, кога ги спуштам завесите, погледот ми се дига нагоре и повторно ми лупа срцето кога ќе ги здогледам истите стари ѕвезди што сјаеа и порано.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Клима со главата горе-долу и јас гледам дека ништо не се сменило преку ноќта и дека ние сме истите стари пријатели спремни да го изедеме својот појадок.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ги одбегнував нивните погледи за да не го видат сожалувањето во моите очи, моето сожалување кон нив затоа што јас тукушто бев со тебе, твојот мирис сѐ уште беше на моите дланки и толку голема иднина навидум беше на видик.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во овој доцен час изгледаше како светот да им е предаден на мажи кои се без жена, мажи кои со понизна трпеливост чекаат нешто неодредено како што јас ги исчекував нашите средби.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Буквално болен од љубов, стенкајќи одвнатре со секое нишање на возот и загрижен дека засекогаш сум оштетен, ѕиркав надвор во жолто-осветлените станици каде осамени мажи стоеја пред огромни реклами, слики на раскошни манекенки изобличени со графити - истите стари навреди и повици; ДА ТЕ ЕБАМ, ПУШИ МИ ГО.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)