ист (прид.) - љубов (имн.)

Други луѓе не викаа на помош: сакаа подарокот да им биде исцело од нивни раце, жртвата да им биде поголема кон Богородица, за да и таа да им возврати со иста љубов: да им го донесе синот здрав и жив.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Селските ломотливци шепотеле сешто, се кикотеле и се крстеле, но треварите станале пријатели, браќа со иста љубов кон малечките - машкото Пандило, женското Панделка ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Меѓутоа, се случило на втор ден Божик да бидат близнаци, црномуресто машко и девојченце со руси коси.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ми зборуваше само за своите деца, со иста љубов со којашто и јас зборувам за моите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Испраќањето во младоста беше речиси мал ритуал, со нежен допир на усните, но сега, со истата љубов, се допираа погледите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)