ист (прид.) - чувство (имн.)

И повторно штрекнат од истото чувство на срам и лутина седнува; свртен со лицето спрема прудолу спрема Имотот се труди да не мисли на тоа што се случи на Тодорова сабота и на тоа што може допрва да се случи...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Имавме по два часа за шетање низ паркот и тоа време јас максимално го користев во првите неколку дена, а потоа се почесто останував затворен во ќелијата загледан низ решетката во еден од малите прозорци од женскиот дел, од каде ми се чинеше дека ме опсипува бран на светлина што ми е наменета само мене и која само јас ја чувствувам, убеден дека таму една жена го има истото чувство кое потоа продолжува во долг плач со солзи кои се и мои солзи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Знаев, бидејќи го имав истото чувство.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Насекаде ме пленеше истото чувство, ме обземаше истата мисла: не постои замена за животот, не може да постои посилна и посакана татковина од самиот живот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Лежевме заедно, ние двајцата - не, не двајцата, ние тројцата - а, Кети, знаеш ли дека јас за него имав исти чувства како за моето бебе.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Со годините не научи сосема како да ја контролира таа негова немирна мисла, која секогаш луташе од еден до друг спомен и во тоа свое лутање кај него ги будеше истите чувства како тогаш кога вистински се случил настанот од сеќавањето.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тогаш, ненадејно, некој силно затропа на вратата...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Шмркна уште еднаш додека чувствуваше како од болките во зглобовите во него се раѓа онаа негова добропозната нетрпеливост – секогаш истото чувство на неконтролирана лутина што одеднаш му извира однекаде и почнува да му пулсира низ вените.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Зјапаше во папирусите, ги препрочитуваше зборовите што ги напишал, со надеж дека читајќи ги, повторно ќе го сети во себе истото чувство како додека ги пишувал. Залудно...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И пак авторот го има истото чувство дека само што не разбрал што тие двајца во Карпош си велат еден на друг, но пак ни збор не може да расебети иако е сигурен дека слуша кристално чисто.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Но покрај тоа, тие сметале дека е можно да го контролираат и тој да работи за нив ако биде ставен под контрола на Заедничкиот генералштаб.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од своја страна, и новиот Заеднички генералштаб (Joint Chiefs of staff - JCS) во почетокот го споделувал истото чувство на недоверба спрема Донован, бидејќи бил надворешно граѓанско лице, а не претставник од војската.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
А еве, сега, наеднаш, ми дојде да ви го соопштам тоа, професоре Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И мене истото чувство ме обзеде предмалку додека ги полнев садовите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И јас со него делев исти чувства.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Неа секогаш ја опфаќа една силна возбуда, или може да се рече страв од таа голема вода што тука под нив прво е една силна врева од што не се слушаат ни гласовите на луѓето, а потоа чиниш го завлекува воздухот најзината голема снага и Пела, се разбира, секогаш го има истото чувство дека тој завлечен воздух ќе се претвори во силен ветер што ќе ја откачи од рацете на мајка ѝ и баба Перса.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Сам со судбината Во такви услови, речиси во последните години на својата бурна историја и Шарл Де Гол бил обземен од истите чувства.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сите постари го минале тоа, кај сите се појавувале истите чувства, и сите „шашавеле“ како што тоа го вели поетот Антиќ.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Се облекувавме мислам, со истото чувство што го има штотуку именуван бискуп кога за прв пат ја става својата мантија.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Знаеш истото чувство ми се крена кога разбрав дека „Цветан Димов“ и „Лазо Трповски“ се влезени во Европскиот проект.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)