ист (прид.) - час (имн.)

Уште на истиот час, кога даскалот Бино им зададе на I и II одделение и отиде на третата редица кај III одделение, Нешка, пишувајќи ја задачата од читанката, со навалена глава на левата рака, ги сврте очите налево.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Веднаш потоа, по заповед на командантот на војската, Тоде беше ослободен, а утрото, дали од срам поради тоа што им се случи или од страв заедно со жената и со чупалето (Илинденка се викаше и таа беше мома, онаа што ја закопаа истиот час кога повторно се вратија во Потковицата) само со еден голем куфер, што го носеше Тоде на рамо, си заминаа од Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
За сфатката помеѓу Дамческите и Турците уште истиот час се расчу.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И двете во ист час, во исто време и на исто место завршуваат: на зајдисонце, во време вршење, на Зедница, на Бел Камен, стотина метра потаму од јужниот ѕид на имотот Акиноски.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И уште истиот час се искачи ваму, најгоре на Зедница; цел ден чекаше да се зададе потера од кај Алилово...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И само затоа што речиси во истиот час, веднаш штом го пренесле кај делениците Акиноски, Јосиф Акиноски, со усвитен нож му направил операција, му ги извадил куршумите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа го прави повеќе од десетина години, од истиот час и ден кога се врати од Света Гора.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Само по три работи се разликуваат: во Потковицата никогаш не се дозна кој го уби Јована Дамчески, додека за Видана и за Ристана Голушкоска Гојдарката се знае - ги уби син ѝ на Ристана Димко Силистарко.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ете оттогаш, од ова време минатата сабота, откога го донесоа Лазора помешечки испружен на кочијата Дамческа и го искачија во гостинската одаја Акиноска, трае оваа возбуда во Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во истиот час кога станал ајдутинот, станал и Боше; Николице, ѝ рекол Боше на снаа си, стави во дисаѓите цели два леба, стави и сирење и пастрма, за да му се најдат по пат, а јас ќе го испратам до Алилово.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
— Уште поарно; — рече валијата — ќе се треби тој трн од мојот валилак — и уште истиот час му ја соопшти на пашата оваа новина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И обвинуваше. Што правам јас?, - ќе се прекореше и истиот час ќе го прободеше нејзиниот загрижен шепот „вечера ли?“ Не ѝ одговараше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во записот ја опишал својата судбина и го оставил аманетот, што во тој суден час и суден ден го прочитал (доведен од судбината) умниот и учен гостин од Индија, за да го одведе нашиот другар истиот ден и истиот час во палатите дедови, во одаите царски.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ама тој исти час во ноќта означува ѓаволско време, а мене баш тогаш ми се случуваат работи... онака, на правдина.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во истиот час неговите многубројни слуги, градинари, цвеќари и стражари се растрчаа на секаде, по блиски и далечни краишта да ги собираат децата.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Најпрвин тие извирале од зад планини во ист час.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Истиот час ибн Бајко ја виде сликата на игуменот од Свети Ѓорѓија-Горг како си го става петрахилот, зема жарче за темјанот и се готви да го испее и да го искади детето што му го беа донеле. Тоа дете како да беше самиот тој.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Истиот час, еден од клисарите со крената рака, и со некои други ишарети, ја запре свирката на зурлите, тапаните и гарнетите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Дали е Бајазит во Скопје, убав свети Ѓорѓија, дали е Бајазит во тврдината? шепна еднаш Петре под веленцето, но за манастирскиот измеќар таквата важност истиот час се губеше.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Ќе правам џамија”, рече наеднаш Петре и истиот час се загрцна, зашто во моментот го донесе решението.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Колку одамна се случувал тој живот кога нејзините боси нозе ја кршеле утринската корупка од прав по патеките во полето; колку денови или години поминале пред она нејзино откритие соопштено со горчина: дека овде под Сина Скала никогаш нема видено ни траг од своите траги, бидејќи отсекогаш ги немало и не биле?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Треба да се има на ум фактот дека таквото божемно богатство ја губи вредноста истиот час кога ќе се најде на вратата на тремот за да си замине?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Веројатно и двете работи исчезнуваат заедно, во ист час.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И ненадејно, некаде од високо, од зад горната рамка на прозорецот од одајчето на праведникот Шабтај, се појави далечен огнен столб кој силовито се доближи до куќата и до прозорецот и вовлекувајќи го во огнениот вител, го крена него, Праведникот, и го однесе високо, толку високо што таму, над највисоките облаци, пред Шабтај се укажа еден голем град создаден од светлина исполнет со палати, широки улици, светнати ѕидини, во чие средиште се наоѓаше Храмот на копнежот, домот на Севишниот, градбата на премудриот Соломон но сега, веќе, не изѕидан од камен, туку создаден од најсјајните зраци, а во неговото проѕирно средиште, виде јасно Шабтај, стоеше Светињата над светиите со Заветната арка и златозрачните таблици во неа; со Декалогот даден на Синајската гора на благородниот реб Мошѐ12, а над сиот тој сјај Шабтај виде како една рака во просторот над чудесните светии, испишува четирите букви на хебрејски што, сиот збунет, тој ги прочита слагајќи ги слог по слог - како што тоа го правеше со имињата од фирмите на новите големи магази на Широк сокак - како ХеВХаЈ, но и истиот час сеќавајќи се дека исписите на иврит се читаат обратно и тој стаписано го прочита исписот на прозрачната рака како ЈаХВеХ13, неизговорливото име, тетраграмонот, името на Бога во кое Шабтај најде конечен спокој и оддишка.  А во истото време, долу во Ла Калежѐ, неговиот син, снаа и внук сонуваа еден ист сон, како имено еден по друг ги палат светилките за Ханука, прво Рена, па Јаков, па третиот ден од празникот на светлината и нивниот Шабтај, а по него, светнат од среќа, и малечкиот.  Утредента Јаков го најде татка си, спокоен, со полуотворени очи загледани некаде во височините зад облачното утро, кон ветениот небесен Град на Мирот; и некако озарен, со необјаснива внатрешна светлина, што тој и жена му ја припишаа на конечно пронајдениот спокој.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во надоместок за своето отсуство - со пусулчето, со светломерот и со зухерот - снимателот им го даде џипот, но само да ги отфрли до најдалечната точка и истиот час да се врати за да биде на располагање во штабот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но затоа, пак, кога дојде вечерата, расположението истиот час му се врати; тој задоволно ги протри рацете над разимената чинија и гласно извика како ништо да не било пред тоа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Не си убав, ама не си ни здодевен. Кога би бил тоа, мислам второво, истиот час би ти јас покажала вратата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но уште истиот час констатира дека згрешил што се легитимирал и како новинар, зашто командирот веднаш се закопчува и официјално ги изнесува само сувите податоци: дека односната личност, односно неговиот син, е најден обесен во неговиот стан, преоблечен во женска облека, напудрен и нашминкан во лицето, со курвинска перика на главата, што укажува според тие показатели дека бил „дивадејка” (тетовски дијалектизам за педер) и дека веќе е пренесен во Судска медицина на вештачење, а кога ќе дојдат резултатите оттаму еден Господ знае.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Така е, Горде? Таа одвај го удостојува односниот со бегол и потценувачки поглед, па го одвраќа истиот час од него и го посветува на масата на која одеднаш станува главна.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Живко не ги љубеше прашањата на кои веднаш не се снаоѓаше да одговори, па сега, фатен во расчекор, шашливо ме погледна: „со” или „пред”, му ја повторив дилемата и место него истиот час одговорив „пред”. - Се разбира, пред.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Човекот во престилката, Диовецот, нè одведе до најубавата маса, макар што сите беа слободни, од која се гледаше и шанкот со скарата и влезот со прозорците - па можеше истиот час да порачаш нешто од шанкот и да го прескокнеш прозорецот за да не платиш.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Откако одвај се дотурка до дома, и откако се виде со жената - смалена, остарена, преполовена и од глава до петици во црнина - истиот час ја растовари колата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Таа без збор влегува во куќата и истиот час излегува со нож и ренде; а Грдан место да се праша што ќе ѝ е ренде, се мисли што е од куќата летна кујна а што е од летната кујна продолжена куќарка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Се изждрига шетајќи по гаќи, ја изжабурка устата над чешмата, ја фати перницата под брада и истиот час загрчи како да заструга јазлеста цепаница.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Се чинеше дека ѝ умрел татко, нешто најмило, како покосена, истиот час падна на душеме.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И во истиот час толку силно, толку незапирливо за нешто се раскикоте.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Но штом ќе минеше свеченоста, се колнам, таа уште истиот час ги слекуваше и веднаш ги оставаше малку на сонце за да се проветрат. Тоа добро, природно.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
По некое време таа седна на фотелјата отспротива да гледа телевизија, но некако со готовност истиот час да стане.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ја карам, ја советувам, а потоа си велам: Зошто сум ѝ толку озабена?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А велат, кој ќе ѝ поверува на жена му на Комесарот најмилото му се нафрлува уште истиот час со струпки“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во истиот час неговите многубројни слуги, градинари, цвеќари и стражари се растрчаа на секаде, по блиски и далечни краишта да ги собираат децата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Јас како што ме дал господ, неверник со крстот на чело, уште истиот час ги прогласив сите за злобници а особено моите ближни, ги раскинав ама баш сите врски со „пријателите“, и докрај се затворив во себе.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Поширокиот избор на расказите (вкупно триесетина) за градот Скопје (кој всушност требаше да биде книга!) го направи госпоѓата Лидија Капушевска-Дракулевска.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во истиот час од денот, десет века подоцна, библиотекарот Филип Филиповски влегува, сосем излекуван, во новата библиотека на Филозофскиот факултет.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се чувствува весело, но како да му е отстранет еден дел од сеќавањето: ги гледа редум новите книги, ги пребројува, но сепак, речиси е убеден дека нешто му недостига...
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)