ист (прид.) - улица (имн.)

Тие живеат во истата улица, три-четири куќи подолу и јас обожавам да им одам на гости, зашто многу ги сакам и зашто дедо Роман секогаш има во фрижидерот резервни чоколатчиња „Животинско царство“ и сокчиња, во секое време подготвен за детска посета.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Десетина години подоцна, во истата улица со астрономите коишто работат со Хабловиот телескоп, јас ги пишувам овие зборови: ерго, не сме и понатаму изгубени во мароканската Дипломатска шума, нашите невернички коски не се белеат на африканскиот песок додека нашето изнајмено рено рѓосува таму, меѓу боровите.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Затоа и не ми се верува дека е загледан во улицата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Угоре, тоа е истата улица што води кон ридот со лозја.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Останува уште претпоставката дека во моментот се рашетува по некој замислен и недостапен за мене свет, со единствена цел да го одложи моментот на нашето соочување?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- И црквата и џамијата што се градени на истата улица, спроти себе, се изградени по паѓањето на комунизмот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Изгледа дека му било здодевно да седи дома сам па, како што ми кажа, отишол на гости кај четири студентки што живееја на истата улица каде што беше нашиот изнајмен стан.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)