ист (прид.) - тон (имн.)

Циљка со истиот тон и боја на гласот, рече: - И секогаш дедо сите свои молитви ги завршуваше вака: Свјатиј Боже, свјaтиј крепкиј, свјатиј бесмертниј, помилуј нас.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Од телекранот се слушаше писок што ги параше ушите и што продолжи во истиот тон четириесет секунди.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- И окуражен од смеата, што ја предизвикаа неговите зборови кај другите, продолжи со истиот тон да му се подбива: - Врзи си го јазикот, зарем отиде, ќе онемиш...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Има, има, господин Глигор, - со истиот тон рече прислужникот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Какво валкање?, продолжи со истиот тон тој.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тие се како родени еден за друг.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Мислиш дека си одговараат?“ - ја праша жена си со замислен тон, не очекувајќи одговор. „Ти што мислиш?” - му одговори таа со ист тон.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тоа би било покреативна комбинација”, се смее амбасадорот.  „Дефинитивно, амбасадоре”, му одговарам во истиот тон.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Бургиба Јуниор ја забележа мојата зачуденост и во истиот тон продолжи: - Сигурно ќе сакате да дознаете кого има одредено мојот татко за наследник.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој во истиот тон продолжи: Југославија е чудесно измислена утопија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бев изненаден од отвореноста на Сојузниот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Не готвиме горе, во новата кујна, туку тука, во старата, - ми го подобјасни тетка ми тоа што беше повеќе од јасно.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Нешто студено ми се придвижи низ стомакот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Тоа требаше порано да го направиш, - со ист тон, како некој судија ми одврати Мони.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Аман Олга, остави го човекот, го исплаши, доста веќе со тие твои глупости, - рече тој со ист тон како да му се обраќа на чаршафот пред него.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)