ист (прид.) - тесто (имн.)

Напладне, кога ние децата бевме обземени од игрите во дворот, мајка ми ќе ги собереше последните сили, па од брашното донесено од татка ми, се обидуваше со нови волшепства, со играта на своите прсти, кои како да не го имаа заморот на телото, во пресметувањето со секогаш истото тесто, да ни подготви нов ручек, различен од вчерашниот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А кога татко ми ќе донесеше по некој домат или мајка ми ќе дочекаше да узрее од нејзината градина, тогаш се менуваше бојата на нашето постојано исто тесто.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ни создаваше претстава оти секој ден јадеме нешто друго, а ние всушност постојано го јадевме истото тесто!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Успеваше, од истото тесто, од вреќата брашно, да ни готви постојано поинакви јуфки, макарони, пити.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)