ист (прид.) - тема (имн.)

Ненадејно го напушта Кембриџ и оди да живее сам во Норвешка, во колибата која сам за себе ја изградил.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Таму бил посетуван од Мур, кому му диктирал белешки за философијата на логиката, а се допишувал и со Расел на истата тема.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Така можеа да мислат на иста тема, единствена, и да починуваат од времето што им имаше натежнато како планина.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ни јас не знаев баш многу за тој феминизам, а исто така не знаев ни за сестринските односи, зашто сестра немам, па си замолчав, мислејќи дека ако продолжам на иста тема може нашето убаво расположение да се подрасипе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А, имав и друг ангажман.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Понискиот од овие два гласа ја пее својата тема во C мол (што истовремено е и тоналитетот на сиот канон), додека повисокиот ја пее истата тема, со тоа што е помесетен нагоре за една квинта.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Во стварност, Бах и Ешер обработуваат една иста тема во два различни “регистра”: музиката и графичката уметност.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Но сега, кога Холивуд - а и Бродвеј - почна да се занимава со истите теми, сѐ стана страшно збркано.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
За плодноста на оваа рамка меѓу другото говори фактот дека до денес се снимени две филмски верзии на „39 скалила” (првата е на Ralph Thomas од 1958 година, и бесрамно се потпира врз Хичкок, втората, на Don Sharp од 1978 година повеќе го следи романот); освен тоа, самиот Хичкок снимил уште две варијации на иста тема: „Саботер” (1942) и „Север-Северозапад” (1959).
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Главната при­влечност на оваа серија на Хичкокови филмови е во самото патување, зашто јунакот во диво темпо паѓа од една ситуација во друга и доживува цела низа од трагикомични авантури (“Саботер” е најслабиот од серијата токму затоа што тој елемент во него е најзастапен); така, во сите три филма од серијата ја пронаоѓаме варијацијата на истата тема: јунакот во бегство пред злосторниците непредвидливо се наоѓа пред 32 Margina #21 [1995] | okno.mk наивното граѓанство, што од него очекува јавен настап и во момент, тој мора да се сети на решението: како најдобро да го при­добие очекувањето на публиката; честопати го решава истото и пред прогонувачите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тоа што сте „фокус“ на овој „исчашен“ (хамлетовски психотичен?!) текст е онаа иста тема за празнината, за еден центрифугален концепт на обраќање.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)