ист (прид.) - тежина (имн.)

Времето што изминува секој го мери според своите тежини.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И станувам свесна дека реченицата ја изговорив природно, не мислејќи, дека мојот теле-мозок почна на сите работи на овој свет да им ја дава истата тежина или леснотија, секому право на истите секунди, секому својот sound-bite, во еден кадар некој ждере хамбургер, во друг некој умира...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
- Дали има на светов две планини со иста тежина?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Но ова израмнување не треба да се помеша со условното поистоветување на тие две, уште помалку да им се даде иста тежина; предноста одлучно ја има животот: “строгите уметнички прашања во крајна линија не се важни прашања”.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Реков: - Мерките за траењето на денот и ноќта, многу се променливи и не се со иста тежина.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Вистина било - Секоја планина - своја тежина! ама оваа планина за сите си има иста тежина...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)