ист (прид.) - судбина (имн.)

Да не направеше така, да не останеше сам во напуштената населба, сега бездруго ќе беше слободен од грижата дека ги предал луѓето, и бездруго ако отидеше, со нив, со луѓето, ќе споделеше една иста судбина...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
5.2. AI, психологијата, и антропоцентричкото ограничување Една работа е да се набљудува дека AI е на истиот брод со когнитивната психологија (делејќи така иста судбина), но сосем е друга работа да се специфицира природата на односот помеѓу овие два сопатника. AI истражувачите разумно малку можат да сметаат дека инженерската заедница ќе креира вистински „сличен на мозок” (т.е. вид на вештачки мозок кој ги отелотворува сите релевантни аспекти на вистинските мозоци) компјутер; така, ние сме оставени со единствен избор да се искористи една алтернатива, „небиолошки интерпретативна” имплементација (т.е. компјутер) како материјална основа за нашите напори кон машинска интелигенција.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Помогни ми за да си помогнеш,“ рече гледајќи ме со широко отворени очи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ние сме едно стебло, иста судбина.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
За момент застана, се сврте назад и, кога виде дека никој не доаѓа по неа, го продолжи чекорењето во истиот ритам, зборувајќи тивко, но со жестина и отсечно: “Јас ќе горам, можеби, да, јас ќе горам, тоа е сигурно, но и вие ќе имате иста судбина.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
По неколку години од овој трагичен настан и самиот Фазли паша ја доживеал истата судбина (задавен со свилен гајтан) во истите одаи на својот Сарај.“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Мислеше дека тогаш ќе умре таму, дека ќе ја доживее истата судбина како и Учителот, презрен од своите, исплукан од подбуцнатата толпа, дека неговото земно тело, веќе измачено од претходните патешествија, ќе остане за навек во Светиот град.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
За оваа фактичка состојба С. С. смета дека сето тоа е смислено направено – бидејќи, во тоа време на промена на власта, постоеше партиска нетрпеливост и очигледна недоверба кон оние кои беа од „спротивниот табор“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, во оваа несреќна ситуација, не се беше нашол само С. С., туку напротив – повеќе негови колеги, ја делеа истата судбина.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Македоцните во делот на Македонија под Грција ја доживеале истата судбина.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во 42 г. пне. се одиграла решавачката битка кај Филипи во која Касиј бил поразен и се самоубил, а само неколку дена покасно истата судбина ја споделил и Брут.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
И покрај прокламираната „неутралност“ Грците мобилизирале 20.000 Македонци и друго население.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Заедничките идеали за коишто се бореле, како и истата судбина што ја делеле по турските зандани, придонесувале солидарноста меѓу македонските заточеници, повеќе или помалку да биде редовно присутна.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Исти судбини, исто сѐ.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нешто како за Евреите! Сите со иста судбина.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Без беспризорните, широчината изгледаше гола како прелог без диви тревки, без оние жолти и виснати од жега млечки, сите и сите со иста судбина.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Голем дел од отворено геј-тематизираната култура што се појави по Стоунвол и понатаму ги има истите револуционерни цели на геј-ослободувањето.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Намерата не ми беше да ја багателизирам постоунволската геј-култура, туку да ги крепам облиците на општествен отпор против хетеронормативноста кои ги претставуваше и кои и понатаму ги претставува голем дел од претстоунволската култура, а истовремено да ги истражувам причините поради кои официјалната, паланечка, идентитетски заснована и виножитно забарјачена геј-култура што ја замени, изгледа, на онолку многу геј-мажи им е крајно незадоволителна и фалична.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа е етиката против која геј-ослободувањето некогаш креваше светски историски бунт.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, таа вистински инвентивна геј-култура ја снајде истата судбина што ја снајде идентитетски заснованата култура која се појави во истиот период, во смисла на тоа дека обете изгледа предизвикуваат кај геј-публиката слично чувство на здодевност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Нејзината оригиналност, нејзината уметничка експерименталност и нејзината сушта сјајност се многу скраја од стандардната политика на геј-идентитетот на главнотековното геј-движење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
”  „Ако де, се вели зборот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ајде еве кажи ти, што те снајде истата судбина...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ретко можеше да се сретне човек со иста судбина, но и со таква тивка величина и моќ.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И, колку повеќе слуша плачење и редење, толку повеќе чувствува дека треба да рече збор, да допре нечија рака со единствена мисла дека ќе ја олесни и својата и туѓата болка.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
25 ОСМИОТ ДЕН од денот кога дозна за смртта на Ристо, Крстовица го прегази џадето и, откако го помина бурјаништето, стаса до беловицата што беше ја забележана порано кога со жените одеше да собира суварки.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кога го наполни скутникот, седна во сенката на разгранетата шупливица и во испотените дланки ги трие класјата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Сама! Сама, меѓу толку луѓе кои споделуваат иста судбина.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Пелагија исто така им благодареше со топли зборови, ветувајќи им дека нема да се заборават, дека секој ден ќе наминува кај зградата Сите ние имаме иста судбина, зар не?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Мене ми преостануваше да го создадам и провлечам моето семејство низ падот на малата империја Југославија, која беше и рожба на двете големи паднати империи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Речиси иста судбина во различни времиња.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Двамината мажишта, едниот Грк, другиот Македонец, со едно тело и иста судбина се најдоа на дното на бездната.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога Влаинката Аспасија, Паца, како што се викала нагалено, одоколу го распрашала Спира што има и како има, и откако ѝ се видело дека тој е седало за птица каква што е таа, му признала дека тие двајцата до влакно имаат иста судбина што ги осакатила и дека нив тој златен свети Наум ги донел да се најдат пред неговиот гроб.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Козите ќе ја доживеат истата судбина како и сите противници, другите дисиденти.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)