ист (прид.) - стапка (имн.)

Ми се чини дека постојано газам на истите стапки и ако одиш да видиш ќе видиш дека на тие места е разгазено.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Рибата загризува или не загризува, не можам да чекам предолго, како да постои и нешто друго што треба да чекам, но знам дека оттука назад ќе заминам по истите стапки.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Што може да се случи? Газиш по истите стапки и фаќаш на истите места каде веќе еднаш ти фатила раката.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)