ист (прид.) - соба (имн.)

Потоа со бавни чекори, се упати кон собата - истата соба каде што ја осети најголемата радост и најголемата болка во животот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во аналите на стариот париски хотел Monsieur le Prince било забележано дека во истата соба број 17 престојувал гостин кој заминал, со купови книги, додуша во помал број отколку 15 години подоцна, но овој гостин, бидејќи се работело за книги, бил толериран до крајот на престојот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога таа ноќ легна со брата си (спиеја во иста соба) и другиот почна весело и брзо да зборува за роденденот, тој одговараше непрегнато, не можејќи да ја скроти зависта.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И еве ме сега после толку години пак во истата соба.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Ден пред тоа влезе во оваа иста соба и му се претстави на домаќинот како секретар на Доброволното пожарникарско друштво.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Бидејќи спиевме во иста соба, јас во тие часови повторно како да се враќав во годините кога бев мала.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Во истата соба во која спиел Војне додека, како ученик во битолската гимназија, бил во интернатот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Затоа ме ставија во иста соба со тебе?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Човекот не закажува па со часови чекаш додека „ординира“ во истата соба, па ги гледаш туѓите проблеми и ти е срам дека си дошол малку волја да „купиш“, за да те поттурне.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Се работи за една единствена соба – без мебел, без прозорци, со влажни, испукани ѕидови, со врата низ која се влегува во истата соба.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Плус, тука е и Бојана и двајцата сме во иста соба во врнежлива летна ноќ...
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Истата соба (станот на Павле). Само ѕидовите ја промениле бојата: црвени проѕирни ѕидови.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Само ако не го сонувал сето тоа во оваа иста соба со кактус заканувачки свртен со боцкавите очи кон памучната играчка.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Одеше кон една добро позната куќа во која живееја неговите поранешни пријатели; две мали деца спиеја таму во иста соба, а во соседната спиеја родителите.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Забележа дека не оди кон гробот и неочекувано се насмевна.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
СОЊА: Чекаше десет минути. (Пауза) Толку му е гајле. (Пауза) Не може да седи во истата соба со мене. Луд е.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Брат ми веќе не излегуваше да прошета со мене, ниту пак играше надвор со своите врсници, затоа што им беа поминати годините на игрите; неговите пријатели понекогаш доаѓаа во неговото сопче, а кога тој излегуваше да посети некого од нив, мама доаѓаше кај мене и велеше: “Денес е убав ден,” ги поттурнуваше завесите и го пушташе сонцето да влезе во собата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа знаеше, не само по тоа што наутро при неа во кујната почнав да доаѓам дури откако ќе слушнев дека брат ми заминува во гимназијата, а се повлекував во спалната што ја делев со моите сестри пред тој да се врати дома, туку и по тоа како се менуваше мојот лик кога брат ми и јас ќе се погодевме случајно во иста соба, како си ги избегнувавме погледите, како ни се менуваше дишењето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И кога ќе ги слушнев неговите чекори во ходникот, легнував на мојот кревет, го навлекував над мене чаршафот како што некогаш правевме заедно – држејќи го со прстите над главата, и наместо некогашната радосна опиеност, чувствував како болката ме клука во градите, како се обидува да дојде до моето срце. 3. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Зигмунд ми ги покажуваше малите хотели на споредните улици, и ми кажуваше дека кај проститутките кои работат во нив доаѓаат луѓето од средната класа, или пак во истите соби млади луѓе од средната класа се среќаваа со своите сиромашни девојки, кои ги криеја од своите семејства, затоа што тие не би им дозволиле да се гледаат со нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Зигмунд ми кажуваше дека луѓето од најбогатата класа одат во јавни куќи кои се сместени во дворци, или пак издржуваат неуспешни актерки и балерини.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Избегнував да бидеме во иста соба; сепак исто како и порано исчекував да се врати од гимназијата, или од посетата на некој од пријателите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мислам и лицето си го покри со рацете.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кога едно утро, не беа изминале ни две години од раѓањето на синот на Иван Степанович, малиот Алексеј, во оваа иста соба втрчува задишана Рајна и речиси паѓа на креветов.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Веќе не се будите во иста соба. И она што е невидливо не е исто.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Седевме во иста соба а сепак безочно бев исклучен од нивната доверливост!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Оние што беа мнозина, се чудеа како да си легнат кај жената. Најтешко беше зимно време. Оти сите се во иста соба, покрај ист оган.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)